Втора година по ред дел од Даночните обврзници реагираат за ненавремено добивање на решенијата поради што подоцна мора да трпат разни консеквенции.

Од Локалната самоуправа по секоја одржана прес конференција за наплата на даночните обврзници, се упатуваа апели дека тоа е должност на граѓаните кои мора да ја почитуваат.

Но и оваа година исто како и минатата голем број од даночните обврзници се пожалија дека ги немаат добиено решенијата. Дека тие се сосема во право се потврди деновиве кога во некои влезови на станбените згради беа забележани расфрлани решенија за даночни обврзници на сите страни.

Очигледно е дека некој не си ја завршил работата. Ангажираните лица кои имаа задача да ги доставуваат решенијата или не знаеле или не сакале сите да ги достават онаму каде што истите се наменети.

И што сега, кој ќе ја надомести веќе направената штета?

Решенијата кои ги овековечивме со нашиот објектив се само еден дел од оние кои завршиле онаму каде не се наменети. На голем број од истите тие решенија уште стои закачена доставницата која доколку лицето што го добило решението ја потпишало доставницата истата требала да се врати кај одговорните во локалната самоуправа,

Значи во сите овие случаи затаиле и доставувачите, но и вработените во локалната самоуправа.

Час поскоро некој треба да ги повика на одговорност лицата чија задача била да ги достават решенијата, не го направиле тоа, но затоа си го добиле ветениот хонорар.

Не можат граѓаните да ја плаќаат несовесноста на одредени лица кои само поради поседувањето на едно парче хартија биле ангажирани за да ја завршат оваа работа.

Одговорност мора да има.

С. Ивановски

DSCN1731

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари