Сто и девет слики изработени од членовите на Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани вечерва беа изложено во салон „Фоаје“ во НУЦК „Бели Мугри“ како дел од најновата изложба „Фолклор“.

За значењето на училиштето, неговите членови и изработените слики во повеќе техники зборуваше м-р Александра Димитрова – Стручен соработник за визуелна уметност, архитектурна и дизајн при НУЦК „Бели Мугри“.

Изработените и поставени слики како дел од шестата изложба, секоја на свој начин остава впечаток кај посетителите.

Сите заинтересирани кои немаа можност да присуствуваат на отворањето на изложбата, ќе можат поставените слики да ги видат во наредните десетина дена додека е работното време на установата.

С. Ивановски

DSCN2480

DSCN2466

DSCN2470

DSCN2469

DSCN2475

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари