За време на викендот љубителите на фудбалот во Кочани ќе имаат можност да проследат два интересни фудбалски натпревари.

Во Сабота со почеток во 16:00 часот се игра натпреварот од 16-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени „Кочани“ – „Топ Гол“.

Во Недела „Осогово“ како домаќин во 28-то коло од Третата Фудбалска Лига – Исток ќе ја има првата меч топка за влегување во една од двете Втори лиги, „жетварите“ ѝ се домаќини на „Каменица Саса“.

Ова е убава можност за помладите играчи на „Осогово“ со победа конечно од следната сезона да заиграат еден ранг повисоко. Во Недела играчите на „Осогово“ играат за боите на клубот, за градот, за „Сејмени“ но и за сопствениот образ. Само со таков приод на играта ќе можат да ја совладаат мошне добрата екипа од Македонска Каменица.

Комплетни двојки од 28-то коло:

„Осогово“ – „Каменица Саса“

„Брегалница Голак“ – „Слога 1934“

„Овче Поле“ – „Малеш“

„Кит Го Пехчево“ – „Напредок Здравје“

„Тиверија“ – „Плачковица“

„Работник“ – „Беласица“

Слободно во ова коло се: „Рудар“ и „Василево“.

Натпреварите започнуваат во 16:30 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари