Во рамките на 16-тото коло на Првата фудбалска лига за жени, денес во Кочани, домаќинот „Кочани“ со многу мака успеа да дојде до трите бода совладувајќи го „Топ Гол“ со 1:0 (1:0).

Топлото време како да беше пречка и двете екипи да не покажат речиси ништо од фудбалската игра, играа колку времето да помине а единствениот гол што беше постигнат на почетокот од натпреварот како да ги задоволи желбите на двете екипи, домаќините да дојдат до трите бода а битолчанки да не загубат со висок резултат.

Во 10’ Анета Ѓорѓиева ја искористи несигурноста во гостинската одбрана и успеа да ја спроведе топката во мрежата.

Се на се заслужена победа на „жетварките“ и нови три бода на контото.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари