Добра увертира имаа каратистите на „Кочани“ во пресрет на Балканското првенство.

Имено, на Меѓународниот турнир „Солидарност 2017“ каратистите на „Кочани“ учествуваа со пет натпреварувачи кои освоија две сребрени и еден бронзен медал.

Во категоријата + 45 килограми Верица Карова го освои второто место, а Натали Веселинова третото, а во категоријата до 50 килограми Томо Кузманов беше втор.

Љубомир Давитков и Ана Марија Минова останаа без пласман.

Со настапите на овој турнир пионерите на „Кочани“ покажаа дека спремни ќе го дочекаат „Балканското првенство“ кое на 17-ти Мај ќе се одржи во Турција.

На Балканијадата боите на Македонската репрезентација во пионерска конкуренција ќе ги бранат: Наталија Карова, Верица Карова и Томо Кузманов.

С. Ивановски

18492852_1318361634908995_876842704_n

18492716_1318371504908008_408331415_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари