Речиси цела пролет љубителите на фудбалот во Кочани го чекаа овој ден, го чекаа натпреварот со „Каменица Саса“ кој со евентуална победа на „жетварите“ ќе значеше и влез во Втората лига.

На „воденицата“ на домаќините им одеше и огромната поддршка од трибините предводени од феноменалното навивање на „Сејмените“. Одамна на стадионот „Никола Мантов“ се немаше собрано околу 1.500 гледачи. Се беше подготвено за голема прослава, но уште кога почна натпреварот се виде дека на домашните играчи им се фатија нозете. Не можеа да поврзат ниту две додавања, а згора на тоа за противник имаа екипа која знаеше што бара денес во Кочани. „Рударите“ едноставно гинеа за секоја топка, го оставија срцето на теренот а како награда за тоа и дојдоа до толку посакуваната победа.

DSCN2589

Што да се каже за самата игра. Се играше претежно на средината на теренот со од време – на време некои обиди да се загрозат голманите Данев и Атанасовски.

„Жолто сините“ во првото полувреме не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол а не пак да создадат некоја шанса за гол. И на спротивната страна ништо поконкретно. Единственото возбудување, ако може да се каже се случи во 43’ кога Коцев испрати остар центар шут од левата страна, топката дојде во контакт со одбранбениот играч на гостите С.Христов, домаќините бараа судијата Гоцевски да покаже на белата точка но тој само одмавна играта да продолжи.

Во второто полувреме „жетварите“ први се заканија во 60’ кога Мојсовски биеше од дваесетина метри, но Атанасовски од самиот десен агол ја исфрли топката во корнер.

Нервозата растеше од минута во минута кај домашните играчи. Се играше 73’ кога Здравков во гостинскиот шеснаесетник биеше кон противничкиот гол, но топката се одби од гостинскиот бедем, во ист момент и играчите на „Осогово“ и навивачите бараа пенал, но и овој пат свирката на Гоцевски не се слушна.

DSCN3016

За лошата и индолентна игра казната ги стигна домаќините во 81’. Здравков направи фаул на повеќе од триесетина метри. Слободниот удар го изведе Златковски чиј удар по земја заврши во десниот дирек, но топката од грбот или рацете на Данев се одби и заврши во мрежата.

Ова беше ладен туш за сите на стадионот, но не и за играчите и нивните навивачи од Македонска Каменица.

До крајот, поточно во последната минута домашните набрзина го изведоа слободниот удар, Аксентив беше сам и наместо да бие од прва тој се обиде да го мине гостинскиот голман во што и успеа но неговиот центар шут немаше кој да го спроведе во небранетата мрежа.

„Осогово“ со овој пораз ги намали шансите за влез во Втората лига што е штета и за градот, и за клубот а најмногу за неговите навивачи. Домаќините вината ја бараат кај судијата но од нашето место не можеме ништо во моментот да тврдиме за двата спорни моменти иако играчите на „Осогово“ ни тврдеа по натпреварот дека се оштетени.

С. Ивановски

Комплетни резултати од 28-то коло:

„Осогово“ – „Каменица Саса“  0:1

„Брегалница Голак“ – „Слога 1934“  2:3

„Овче Поле“ – „Малеш“  4:2

„Кит Го Пехчево“ – „Напредок Здравје“  10:0

„Тиверија“ – „Плачковица“  0:8

„Работник“ – „Беласица“  0:2

Слободно во ова коло беа: „Рудар“ и „Василево“.

Т   А   Б   Е   Л   А

  1. Беласица 69 (119:08)

2.Плачковица  63  (75:11)

3.Осогово  57  (59:19)

4.Каменица Саса  55  (65:24)

5.Кит Го Пехчево  51  (60:27)

6.Овче Поле  45  (59:36)

7.Напредок Здравје  33  (42:69)

8.Василево  28  (33:58)

9.Брегалница Голак  27  (40:66)

10.малеш  25  (41:53)

11.Тиверија  21  (25:61)

12.Слога 1934  21  (27:70)

13.Рудар  20  (29:72)

14.Работник  19  (16:46)

С. Ивановски

DSCN2936

DSCN2877

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари