Полната трибина и распеаните и расположени за навивање „Сејмени“ беа единствената светла точка кај домаќините на денешниот дерби натпревар од 28-то коло на Третата Фудбалска Лига – Исток, „Осогово“ – „Каменица Саса“ 0:1 (0:0).

Со песна, развиорени знамиња и громогласно навивање за време на целиот натпревар „Сејмени“ се обидуваа да ги тргнат домашните играчи од летаргијата која ги зафати кога најнепотребно беше.

Ако „Сејмени“ за своето навивање треба да добијат чиста десетка, не помалку заслужува и објективната кочанска публика. Иако поразот тешко им падна публиката по завршување на натпреварот со аплаузи ги испрати гостинските играчи во соблекувалната.

Секоја чест и за едните и за другите, така се сака клубот, така треба да се сфати фудбалот.

С. Ивановски

DSCN2626

DSCN2929

DSCN2877

DSCN2727

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари