Членот на БК „Спартак“ од Кочани Столе Ефтимов се закити со титулата „Државен првак“ откако на Државното првенство во борење – јуниори до 20 години убедливо го освои првото место.

Ефтимов настапи во категоријата до 84 килограми, категорија во која имаше 7 натпреварувачи и со ефектни победи стигна до финалето каде со одлична и фајтерска борба успеа да го совлада Александар Донев од БК „Балканец“ со 9:5.

На првенството настапија повеќе од 30 натпреварувачи, а одличен организатор беше БК „Тефијуз“.

Овој триумф за младиот и мошне надежен Столе Ефтимов ќе значи голем поттик за уште повеќе работа на тренинзите и освојување на медали од големите натпреварувања.

Крушата под крушата си паѓа.

С. Ивановски

32

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари