По дводневни натпревари во предвечерието на неделата завршија натпреварите од IV Меморијален тениски турнир „Благој Едровски 2017“ посветен на некогашниот тенисер на „Акватен“ од Кочани.

Годинава на тениските терени во „ЗОРИК“ во борбата за шампионската титула учествуваа 28 тенисери и 2 тенисерки.

Малобројната публика имаше што да види, интересни и пред се возбудливи натпревари за време на целиот турнир, а како „шлаг на тортата“ беше самото финале кое траеше повеќе од два и пол часа.

Годинешен победник на турнирот стана Коста Иванов кој во една извонредна тениска претстава го совлада одличниот Мартин Стојмировски со 2:1 во сетови (4:6; 7:6; 6:4).

Во полуфиналните натпревари Коста Иванов беше поуспешен од Димитар Арсов 2:0 (6:3; 6:3), а Мартин Стојмировски од Даниела Колева 2:0 (7:5; 6:1).

Пехарите на најуспешните им ги врачија Венцо Едровски, таткото на Благој Едровски и Лазо Тодоров Претседател на ТК „Акватен“ од Кочани.

Голема благодарност до Александар Георгиев за отстапените фотографии од прогласувањето. 

С. Ивановски

DSC_6640

DSC_6630

DSC_6660

DSC_6648

DSCN2497

DSC_6443

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари