Одборот за доделување награди на Општина Кочани одржа седница на која неговите членови дадоа зелено светло за објавување на јавниот повик за доставување предлози за највисоките општински награди – за значајни остварувања за развојот на општината и за животно дело.

„Иако мандатот на Одборот, истекува на 22 мај, процедурата може да започне со објавување на повикот за доставување предлози. Натамошниот тек на активностите ќе се прилагодува според препораките што ќе се однесуваат на работата на единиците на локалната самоуправа“ рече Илинка Атанасова, претседателка на Одборот за доделување награди.

Одборот за доделување награди е составен од членови на Советот, но и надворешни претставници коишто одлучуваат за добитниците на наградите на општината, кои од 2010 година се доделуваат на 12 јули – „Петровден“, Празникот на Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари