Денес беше последниот ден од продолжениот мандат за Градоначалниците во Република Македонија. Денес последниот ден во продолжениот мандат Градоначалникот на Општина Кочани иако беше на своето работно место не потпишуваше никакви документи и не донесуваше никакви одлуки. Така налага сегашниот закон.

Веќе од утре тој треба да биде одјавен и според законот нема право да се појавува на своето работно место.

Сепак, за да нема никаков застој во работењето според толкувачите на законите работите ќе ги спроведуваат раководителите на секторите или ќе бидат назначени некои лица кои ќе ја координираат целата работа.

Стравот дека комплетното работење на локалната самоуправа ќе биде блокирано не е издржлив, бидејќи за се има решение.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари