Минатонеделниот пораз на „Осогово“ од „Каменица Саса“ болно одекна меѓу љубителите на фудбалот во Кочани, а посебно меѓу навивачката група „Сејмени“. И кога разочарувањето достигна на високо ниво, денес добивме информација дека за „жетварите“ не е се така црно како што изгледа.

Имено, од сигурни извори дознаваме дека лесно може да се случи „Осогово“ и „Кит-Го Пехчево“ од есеноска да настапуваат во Втората Лига – Исток.

Како што не информираат, засега сигурни второлигаши  на истокот ќе бидат „Брегалница“ (Штип), „Турново“ и по се изгледа „Тиквеш“ (Кавадарци).

Иако беше најавено дека од двете трети лиги, исток и југ првите три екипи ќе влезат директно а четвртопласираните ќе играат бараж, по денешната информација работите драстично се менуваат.

Нашиот извор појаснува дека од ТФЛ-југ во втората лига ќе играат само првите две екипи („Кожуф“ и „Борец 1919“) додека останатите три екипи пласирани до петтото место („Победа“-Валандово, „Превалец“ и „Напредок“ од село Крушеани) бидејќи не ги исполнуваат предвидените услови ниту на играчки ниту на инфраструктурен план уште сега најавиле дека нема да се натпреваруваат во Втората лига.

Според добиените податоци за да се потполни бројката од десет екипи во Втората лига – Исток од Третата лига – Исток освен „Беласица“, „Плачковица“ и по се изгледа “Каменица Саса?“ ќе се натпреваруваат и четвртопласираната („Осогово“?) и петопласираното „Кит-Го Пехчево“.

Според нашиот извор се сè знае веќе. Од југот ќе има две екипи, од истокот пет и трите со обезбеден второлигашки статус.

Да се надеваме дека како и секогаш и овој пат информациите од нашиот извор се точни и дека место за паника не треба да има.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари