На 15.05.2017 година во 18.00 часот во Кочани, на крстосницата од ул. „С. Ербапче“ и ул.„М.Епископија“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Д.С. (18) од Кочани и ПМВ „Рено Меган“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Л. (36) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот на мотоциклот С.М. (18) од Кочани. По укажаната лекарска помош во Медицински центар Кочани Д.С. бил препратен во Клинички центар Штип, а С.М. е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кочани.

НК за КР Кочани поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“ во обид. На 13.05.2017 година околу 11.00 часот во индустрискиот дел во Кочани пријавениот во неколку наврати, со употреба на физичка сила, се обидел да изврши полови дејствија над К.С. (21), при што и нанел телесни повреди на рацете и половината.

НК за КР Кочани поднесе кривична пријава против В.К. (25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 19.03.2107 година, на скалите пред Одделението за гинекологија во Општа Болница Кочани, пријавениот без причина и повод почнал да ја навредува и да упатува закани по животот на болничарката С.С. (43), а во еден момент удрил во стаклото, кое се скршило и едно парче од истото се закачило над десната слепоочница на С.С., нанесувајќи и расекотина.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари