Минатата седмица одговорните во Водостопанство, подружница „Брегалница“ – Кочани беа информирани дека во атарот на Горни и Долни Подлог нелегално се прекопува насипот на „Кочанска река“ и се копа канал за проточна вода.

Иако дел од површините во овој атар годинава се одбиени и не можат да се садат со ориз, сопствениците на нивите си тераат по свое, за нив како да не постојат правилата и законите.

Иако одговорните во Водостопанство, подружница “Брегалница“ – Кочани веднаш го известиле одговорниот инспектор од него добиле информација дека не е тој надлежен, па затоа морале интервенција да побараат од Скопје каде уште чекаат да дојде надлежната инспекција.

И додека тие уште ги чекаат одговорните инспектори деновиве продолжило копањето на каналот со што се доведени во прашање и другите земјоделски култури засадени во полињата во истиот атар од евентуалното излевање на реката и поплавувањето на тие површини.

P2150539

Од Водостопанство подружница „Брегалница“ – Кочани информираат дека неовластеното прекопување на речните корита и нелегалното копање на канали за наводнување на нивите што не се влезени во годинешниот план носи правни последици па таквите случаи се пријавуваат кај надлежните инспекциски органи кои треба истите да ги санкционираат.

По се изгледа дел од земјоделците од атарот на селата Горни и Долни Подлог ги заборавиле излевањата на реките и предизвиканите поплави токму од нивното недомаќинско однесување се со цел да си ги задоволат сопствените потреби беа да помислат за останатите нивни соселани.

С. Ивановски

P1880052

P1700863

12074952_1186759188020776_5464921044930706897_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари