Полициската станица од Кочани во соработка со Ротари Клуб „Кочани – Виница“ започнаа со реализација на акцијата како дел од програмата на ОСБСП – Кочани „Заштита на велосипедистите во сообраќајот“.

На неколку фреквентни места во градот излегоа службени лица од Полициска станица – Кочани кои на велосипедистите, учесниците во сообраќајот им делеа флаери под мотото „Возач сум треба, да знам“ додека претставници од Ротари Клуб „Кочани – Виница“ им делеа флуоресцентни елечиња на чија позадина стоеше „Вози вимателно!“.

Акцијата која започна денес ќе трае до последниот ден на месец Мај кога ќе биде одржано веќе традиционалното велосипедиско дефиле.

С. Ивановски

DSCN3189

DSCN3110

DSCN3131

DSCN3165

DSCN3199

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари