На две кола до крајот на првенството во Втората фудбалска лига тренерот Крсте Крстев си поднесе неотповиклива оставка во „Вардар“ од Неготино.

Пред почетокот на пролетната сезона Крстев му пристапи на „Вардар“ од Неготино кој беше последен на табелата со надеж дека ќе успее да го извлече од самото дно, но иако неготинскиот второлигаш одигра добра пролет сепак недостатокот на бодовите и понатака ги остави заковани за дното.

„По натпреварот Вардар-Тетекс 1:1 најпрвин им соопштив на играчите а потоа и на Претседателот на клубот дека поднесувам оставка. Во вторникот на барање на играчите повторно заминав за Неготино каде ме убедуваа да останам и во последните две кола, но мојата одлука беше конечна. Инаку во пролетната сезона реално не бевме ниту од една екипа надиграни и дома и на страна освен од Академија Пандев, но факторот судии и лошата концентрација на моите играчи во завршницата од акциите беше решавачка со тенкото бодовно салдо. Посакувам во последните две кола Вардар да го направи она што заедно не ни успеа во текот на пролетната сезона“ беше изјавата на Крстев во телефонскиот разговор.

Вардар е еден од кандидатите за испаѓање од лигата, но во фудбалот и невозможното е возможно па можеби она што Крстев им го посака на своите сега некогашни играчи може да стане и реалност.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари