По втор пат за многу краток период земјоделците од атарот на село Грдовци забележале дека „Оризарска река“ е повторно заматена од загадувањето.

Како што истакнуваат поморот на риби и жаби кој е видлив на овој потег јасно покажува дека е загадена со штетен материјал како за животинскиот свет во реката така и за оризовите полиња.

Навреме ги алармираа одговорните во Водостопанство, подружница „Брегалница“ Кочани кои веднаш излегле на самото место. И тие ја констатирале истата состојба како и земјоделците но се немоќни бидејќи како што истакнуваат надлежните едни на други си ја префрлаат топката без некој од нив да се зафати да го реши проблемот.

Земјоделците апелираат за помош и бараат некој од надлежните институции да го открие сторителот и да го реши проблемот, но досега никој од оние кои се платени токму и од данокот на земјоделците ни не помислува да се зафати за работа.

Очигледно е дека некој сепак наскоро ќе ја поднесе одговорноста а оние  кои не сакаат да го решат проблемот и треба да одговараат за направената штета.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари