Матурантите од Средното Општинско Училиште „Љупчо Сантов“ од Кочани знаеја како да ја прослават својата матурска вечер.

Прекрасно облечени, насмеани и радосни пристигнаа на последниот заеднички класен час.

Додека тие со своите класни раководители го држеа последниот класен час, околу зградата на популарната „гимназија“ вриеше како во кошница. Родители, роднини, пријатели, другари се собраа и направија величествен шпалир низ кој по завршувањето на класниот час требаше да поминат оние за кои што постоеше оваа вечер, матурантите.

По завршувањето на класниот час клас по клас излегуваа од училиштето, минуваа низ шпалирот кој со аплаузи ги наградуваше и се упатија кон веќе паркираните возила со кои заминаа во еден од најубавите ресторани во Источна Македонија, Рестора „Амор“ за да ја прослават својата матурска вечер, вечер која секогаш ќе ги потсетува на заедничкото дружење, на сите згоди и незгоди  во школските клупи.

Порталот komarec.com.mk на сите матуранти им посакува најнапред добро здравје, среќа во животот и запишување на факултетот кој што самите ќе си го одберат.

С. Ивановски

DSCN3379DSCN3404

DSCN3388

DSCN3387

DSCN3435

DSCN3320

DSCN3206

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари