Во недела се играат натпреварите од 29-тото претпоследно коло во Третата Фудбалска Лига – исток.

„Осогово“ по поразот минатата недела на домашен терен , сепак со доза на оптимизам патува на тешкото гостување во Радовиш каде ќе го дочека одличната екипа на „Плачковица“.

Кочанчани целата пролет ја одиграа онака како што љубителите на фудбалот во „градот на оризот“ посакуваа, но сепак кога беше најпотребно потклекнаа на домашен терен од „Каменица Саса“.

Но шансата за поправен ја имаат веќе во недела. Со евентуална победа остануваат во игра за третото место.

Комплетни двојки од 29-тото коло:

„Плачковица“ – „Осогово“

„Слога 1934“ – „Рудар“

„Каменица Саса“ – „Брегалница Голак“

„Беласица“ – „Тиверија“

„Работник“ – „Овче Поле“

„Напредок Здравје“ – „Малеш“

Слободни во ова коло се: „Кит Го Пехчево“ и „Василево“

Натпреварите започнуваат во 16:30 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари