Вечерва околу 21:30 часот на улицата „Димитар Влахов“ на излезот од градот во правец кон Штип, кај клучката „Грозд“ дошло до сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила.

Според првите извори во сообраќајката учествувал „Голф“ и „Фиат Браво“.

Во сообраќајката како што сме информирани за среќа направена е само материјална штета.

Доколку добиеме комплетни информации од надлежните органи, ќе ги известиме нашите читатели.

С. Ивановски

72

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари