Денес претпладне по улицата „Киро Кикенски“ огромни количини вода отидоа во неповрат.

Дознаваме дека причината на излеаната голема количина на вода е дефект кој се појавил во близина на „Филтер станицата“. Откако биле информирани надлежните служби,  вработени од КЈП „Водовод“ дошле на самото место и го отстраниле дефектот.

Жителите на оваа улица ни потврдија дека ова не е прв случај на излевање на вода, туку дека почесто се јавува а причината која ја наведоа е дотрајан поголем вентил кој мора да се замени со нов.

С. Ивановски

DSCN3440

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари