Денес во кругот на Територијалната Против Пожарна Единица – Кочани беше одбележан празникот 20 Мај, „Денот на пожарникарите“.

На свеченоста која се одржа во дворот на Пожарната, свое обраќање кон присутните пожарникари имаше Секретарот на Општина Кочани Петар Апостолов кој беше во друштво со Јордан Димитров – Претседател на Советот на Општина Кочани.

На свеченоста присуствуваа и повеќе пожарникари сегашни пензионери кои секоја година на овој ден доаѓаат да им го честитаат празникот на нивните помлади колеги и низ разговор да се потсетат на згодите и незгодите што ги имале за време на својот работен стаж.

По церемонијата, домаќините во чест на своите гости приредија пригоден коктел

С. Ивановски

DSCN3466

DSCN3444

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари