Играчите на „Осогово“ и неговите верни навивачи предводени од „Сејмени“ денес слават. Денес во 29-тото коло „жетварите“ ја извадија визата за Втората лига откако во Радовиш ја совладаа домашната „Плачковица“ со 1:0 (1:0).

По двете неискористени шанси на Аксентиев и Тасески, во 38’ Аксентиев по одлично изведената акција по левата страна успеа да го совлада домашниот голман и да го донесе толку очекуваното водство. Домаќините се заканија само две минути подоцна кога со удар од далечина топката заврши покрај десниот дирек на Данев.

Се играше 44’ кога Манев изби сам но во завршницата од акцијата не успеа да биде концентриран па шансата за зголемување на резултатот отиде во неповрат.

DSCN3640

Во второто полувреме „жолто-сините“ ја подзатворија играта а иницијативата ја препуштија на домаќините. Плачковица се обидуваше да го изедначи резултатот но цврстиот бедем пред голот на Данев не попушти.

Кога мошне добриот судија СашЕ Ристов отсвири крај на натпреварот тоа значење радост на трибините каде беа сместени навивачите на „Осогово“.

Играчите во знак на благодарност кон „Сејмени“ кои за цело време не престануваа да ја бодра својата екипа дојдоа до оградата на игралиштето каде заеднички ја прославија оваа мошне вредна победа, а кога стигна веста дека „Каменица Саса“ го загубила натпреварот на свој терен настана веселба која од трибините се пренесе кај соблекувалните за да продолжи по враќањето во Кочани.

Резултати од 29-тото коло

„Плачковица“ – „Осогово“  0:1

„Слога 1934“ – „Рудар“  1:0 (Прекината во 17’)

„Каменица Саса“ – „Брегалница Голак“  0:1

„Беласица“ – „Тиверија“  1:2

„Работник“ – „Овче Поле“  1:1

„Напредок Здравје“ – „Малеш“  2:2

Слободни во ова коло беа: „Кит Го Пехчево“ и „Василево“

Т   А   Б   Е   Л   А

1.Беласица  69  (120.10)

2.Плачковица  63  (75:12)

3.Осогово  60  (60:19)

4.Каменица Саса  55  (65:25)

5.Кит Го Пехчево  51  (60:27)

6.Овче Поле  46  (60:37)

7.Напредок Здравје  34  (44:71)

8.Брегалница Голак  30  (41:66)

9.Василево  28  (33:58)

10.Малеш  26  (43:55)

11.Тиверија  24  (27:62)

12.Слога 1934  24  (30:70)

13.Работник  20  (17:47)

14.Рудар  20  (29:75)

С. Ивановски

DSCN3566

DSCN3525

DSCN3802

DSCN3801

DSCN3886

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари