Некогашниот играч на ФК „Кочани“ Методи Максимов инаку член на Фудбалската Академија при ФФМ а кој моментно ги брани боите на „Брегалница“ од Штип, како член на Репрезентацијата на Македонија до 15 години ќе учествува на Меѓународниот турнир кој од 22 до 29 Мај ќе се одржи во Шангај (Република Кина).

Во нападот на Репрезентацијата на Максимов друштво ќе му прават Харис Хоџиќ (Работнички), Марио Илиевски (Вардар), Филип Костовски (Македонија ЃП) и Марио Костевски (Работнички).

Селектор на Репрезентацијата е Марио Вујовиќ а првиот натпревар ќе го имаат на 24 Мај (Среда) кога за противник ќе ја имаат селекцијата на домаќинот Кина. Веќе во Петок ќе се сретнат со Северна Кореја а турнирот ќе го завршат на 28 Мај против селекцијата на Киргистан.

Се надеваме на добри вести од Кина и добри настапи на Максимов кој со својот раскошен талент е иднината на Македонскиот фудбал.

Сите натпревари од турнирот ќе се играат на големиот стадион во Шангај.

С. Ивановски

P3040734

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари