Во Среда во салата на ОУ „Никола Карев“ со почеток во 10:30 часот, започнуваат плеј-оф натпреварите во ракомет од Пионерската лига во машка и женска конкуренција од источниот регион за генерацијата 2002/2003.

Иако во неделата во Кавадарци ракометарите на „Младинец“ од Кочани загубија од домаќинот „Тиквеш“ 14:21, сепак се најдоа во плеј-оф натпреварите по кои двете најдобри екипи од истокот и од западот ќе настапат на Фајнел фор турнирот што ќе се одржи во Скопје.

Најпрвин во 10:30 часот стартуваат девојчињата во кои за жал ја нема екипата на „Младинец“ кој по поразот од „Брегалница“ од Делчево 10:12 ги загуби шансите да се најде во доигрувањето.

Според распоредот, момчињата стартуваат во 12:10 часот кога на програмата е натпреварот „Тиквеш“ – „Атсра спорт“, за да веќе во 13:00 часот се игра натпреварот „Младинец“ – „Торо спорт“ (Виница).

Организаторот на турнирот РК „Младинец“ упатува апел до љубителите на ракометот да присуствуваат во што поголем број и да им помогнат на младите ракометари од Кочани да се изборат за завршниот турнир во Скопје.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари