Во неделата во Хотелот Слив во Виница се одржа Изборно Собрание на ФГСМ (Федерација на Гимнастички Спортови на Македонија) на која се избираше Претседател на федерацијата.

Единствен кандидата со комплетна документација и Програма поднесе досегашниот Претседател на федерацијата, Љупчо Арнаудов.

Откако ја презентира својата програма за наредниот период Љупчо Арнаудов едногласно ја доби поддршката од делегатите на Собранието и тој уште еден мандат ќе биде на чело на Македонската гимнастика.

Благој Каров од Кочани ќе ја извршува функцијата Потпретседател, а Николче Колев останува и понатака селектор на гимнастичката Репрезентација на Македонија.

С. Ивановски

DSCN7905

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари