Во организација на „Сојузот на извидници на Македонија“ а со техничка поддршка на Извиднички Одред „Ластовица“ од Кочани, денес во „градот на оризот“ пристигна „Извидничкиот караван“.

Комплетниот настан се одржа на платото во Градскиот Трговски Центар и предизвика голем интерес и љубопитност кај гостите во околните кафулиња.

Поискусните извидници од „Ластовица“, од неколку извиднички одреди од Скопје и претставници од извидничкиот сојуз од Франција пред присутните демонстрираа неколку извиднички вештини: ракување со лак и стрела, врзување на извиднички јазли, користење на бусола,

Како и неколку поинтересни извиднички игри за помладите.

Целта на посетата на „Извидничкиот караван“ беше да се предизвика што поголем интерес кај младата популација за некои животни вештини кои се помалку познати, а би можеле да бидат од голема корист во секојдневниот живот.

По завршување на забавниот настан, претставници од ИО „Ластовица“ со претставниците од „Сојузот на извидници на Македонија“ ја договорија понатамошната соработка која треба да се реализира во некои од извидничките кампови низ Македонија.

С. Ивановски

DSCN3919

DSCN3940

DSCN3945

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари