Крап Тимот „Dream Makers“ од Кочани во чиј состав се Александар Наунов и Ненад Панов се врати како четврто пласиран од Меѓународниот риболовен натпревар „Крапско дружење“ кој во организација на „Рибар 2011“ од 19 – 21 Мај се одржа на езерото „Берсин“ во Ќустендил (Република Бугарија).

На натпреварувањето учествуваа 20 екипи од кои и четирите најдобри од Република Бугарија.

Натпреварувањето го следеше и комплетната Риболовна Репрезентација на Бугарија предводена од Селекторот Сергеј Бангиевски и Претседателот на Риболовната Федерација на Македонија Васил Костов.

Самото учество за  Крап Тимот „Dream Makers“ е за почитување, а со новото искуство што го имаат по овој натпревар уште порешителни ги очекуваат ваквите слични дружења и натпреварувања.

С. Ивановски

62

6365

66

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари