Со предавањето на штафетата на младоста на Претседателот на ЗГ  „Јосип Броз Тито“ од Кочани  Трајче Трендов членовите на ЗГ „Јосип Броз Тито“ од Кочани и годинава го прославија некогашниот голем празник со кој се гордееше сиот народ во Југославија, го прославија 25-ти Мај, „Денот на младоста“ и Роденденот на Другарот Тито.

Колоната на возила во која по седми пат се наоѓаше штафетата на младоста тргна од платото на Пионерскиот Дом „АСНОМ“ од каде најпрвин помина низ улиците во Кочани, а потоа и низ неколку околни села во Општина Кочани, за да на еден свечен начин се врати на местото на прославата, на платото во Градскиот Трговски Центар

По предавањето на штафетата и поздравните говори а по интонирањето на химната „Хеј Словени“ на платото се разви партизанското оро.

Интересот кај кочанчани е се поголем за оваа манифестација за што сведочи бројот на гостите кои во тој момент ги запоседнаа кафулињата во Градскиот Трговски Центар.

На крајот како и секоја година прославата продолжи во излетничкото место „Кај дабот“ каде за сите гости беше организиран ручек.

С. Ивановски

DSCN4729

DSCN4870

DSCN4816

DSCN4821

DSCN4842

DSCN4864

DSCN4708

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари