ОДРЖАНО 48-ТО ИЗДАНИЕ НА ДЕТСКИОТ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ „МАЈСКИ ЦВЕТ“

мај 31, 2023
1 минути

Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани и Литературен Клуб „Копнеж“ од Кочани денес во малата сала на „Мултикултурниот Центар“ се одржа 48-то издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски Цвет“.

На фестивалот зедоа учество млади поети од основните училишта, литературните клубови и библиотеките од Општините Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево, Виница, Свети Николе, Пробиштип, Радовиш и Куманово.

По завршувањето на литературниот дел организаторот ги прогласи најдобрите творби а додели и неколку посебни награди и признанија.

Прва награда, Гран При „Димитар Гогов“ и припадна на  Бојана Илиева, IX одд. во ООУ „Страшо Пинџур“ – Чешиново, Ментор: Тодорка Стоименова

Втората награда ја поделија Илина Митева VII одд, ООУ „Никола Карев“ – Кочани, Ментор: Гордана Јефтимова и Елисавета Китанова VI одд, ООУ „Даме Груев“ – Куклиш, ментор: Марија Абрашева

Трета награда беше резервирана за Теона Цонева IX одд. ООУ „Славчо Стојменски“ – Виница, Ментор: Миланка Стојанова, Лазар Нацев VI одд. ООУ Синиша Стоилов“- Зрновци, Ментор: Олга Минова и Мила Митровска VII одд. ООУ „Магдалена Антова“ – Куманово, Ментор: Тања Младеновиќ.

Организаторот на манифестацијата додели и неколку посебни награди и признанија.

Пофалница за најдобра интерпретација на сопствена творба: на Теона Цонева – IX одд. ООУ „Славчо Стојменски“-Виница;

Специјалнма наградаблагодарница: на Далиборка Милосјова, професор по македонски јазик во ООУ „Синиша Стоилов“-Зрновци;.

Благодарница за Училиште: на ООУ „Коста Рацин“ – с. Подареш, Радовиш.

Благодарница за библиотека: на ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш.

Благодарница за Литературен клуб: Литературен клуб при ОУ Дом на култура „Крсте Мисирков“ – Свети Николе.

Благодарница за Ментор: на Тодорка Стоименова, ООУ „Страшо Пинџур“–Чешиново – Облешево

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ