Битола, „градот на конзулите“ беше домаќин на Првиот „Државен натпревар“ во „А“ и „Б“ лигата во гимнастика – женска конкуренција.

ДГС „Кочани“ на првенството се појави со 11 натпреварувачки кои освоија по еден медал и во поединечна и во екипна конкуренција.

Јана Николова во „А“ лигата во категоријата „јуниорки“ го освои првото место и воедно го понесе признанието „Најдобар гимнастичар во 2016 години во меѓународна конкуренција“.

Во екипна конкуренција во „Б“ лигата екипата на „Постари пионерки“ го освои третото место.

53

Според досега постигнатите резултати во категоријата – жени, ова е еден од најлошите стартови во првенствата за гимнастичарките од Кочани. Можеби смената на генерациите (на поголемиот дел ова им беше прв позначаен натпревар) си го прави своето, но факт е дека во клубот не смеат да бидат задоволни од постигнатото.

Се надеваме дека и ова ќе помине, и дека со поголема работа и ангажираност следната резултатите ќе бидат и те како подобри од веќе постигнатите.

Девојчињата се сè уште млади со работа и верба во себе имаат време за напредок и успешна кариера.

С. Ивановски

52

54

55

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари