Во организација на Карате Федерацијата на Македонија денес во Скопје се одржа „Државното изборно првенство за кадети, јуниори и У21“.

Двата карате клуба од Кочани на првенството се појавија со 8 натпреварувачи од кои 5 од КК „Партизан“ и 3 од КК „Кочани“.

Каратистите на „Партизан“ освоија 3 а на „Кочани“ еден медал.

Роберто Здравковски во категоријата до 52 кгр беше втор, а Ива Таушанова во категоријата +54 кгр, односно Василија Христиќ + 59 кгр беа трети.

Љубомир Давитков во категоријата до 63 кгр беше единствениот од „Кочани“ што се најде на пиедесталот, го освои третото место.

Мартина Шахинова и Виктор Георгиев од „Партизан“ и Иван Јанкулов и Ана Марија Минова од „Кочани“ останаа без пласман.

Првопласираните тројца од секоја категорија обезбедија настап на „Балканското Првенство“ кое во месец декември ќе се одржи во Република Црна Гора.

За да некој од нив обезбеди пласман за Европското и Светското Првенство ќе има уште два турнири во кои во секој категорија секој против секого има борба а само првопласираниот од категоријата го обезбедува учеството.

С. Ивановски

52

53

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари