Досегашниот играч на „Ренова“ од Џепчиште Стојанчо Велинов од денес стана „романтичар“.

Имено еден од најдобрите играчи што настапуваат во Македонската Прва фудбалска лига Стојанчо Велинов денес се договори со челниците на „Работнички“од Скопје  и го стави својот потпис за клубот од „Дебар Маало“.

Новиот клуб е и нов предизвик за Велинов. „Романтичарите“ ги чекаат настапи во квалификациите за Лига Европа што е голема шанса за Велинов да влезе во тефтерот на скаутите од европските клубови и да конечно заигра во некоја од европските лиги.

Велинов и „Работнички“ се договорија на соработка од година дена.

С. Ивановски

55

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари