Челниците од Општина Кочани не престануваат да ги изненадуваат своите сограѓани, со нови инвестиции кои предизвикуваат повеќе смеа отколку позитивни критики.

Деновиве на некогашниот кружен тек, а денес десеттото светско чудо „полукружен тек“ беше поставен ној кој со аранжманот се вклопи во убавината на раззеленетиот кружен парк.

Нојот предизвика интерес кај жителите на Кочани а особено кај учесниците во сообраќајот, кои застануваат со своите возила само за да направат некоја фотографија од овој нов општински инвестициски бум.

Додека некои со потсмев гледаат на поставениот ној, други пак го оправдуваат неговото постоење како своевидна туристичка атракција.

Кочани како да се „венча“ за вакви случувања.

По донираното репарирано возило на Општа Болница (09.2012), поклонетата количка за одбележување на фудбалскиот терен (10.2012), подареното репарирано противпожарно возило на Општината Чешиново-Облешево, сега поставениот ној ќе биде чудото по кое ако ништо друго барев по овие нешта ќе бидат запаметени двата мандати на сега бившиот Градоначалник.

Што да се каже повеќе, освен да се погледнат фотографиите.

С. Ивановски

P2720630

P2770254

unnamed

DSCN4905

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари