Во организација на „Федерацијата за училишен спорт на Македонија“, а со техничка поддршка на „Општинскиот сојуз на училишен спорт“ – Кочани, денес на терените на ТК „Акватен“ во Кочани, се одржа „Државното првенство во тенис за средни училишта“.

На првенството зедоа учество 22 средношколци од: Кочани, Струмица, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка и Свети Николе (по 11 во машка и женска конкуренција).

Во машка конкуренција во финалето се сретнаа:

Христијан Велков – СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе и Тома Игњатов – СОУ „Добри Даскалов“ – Кавадарци а победата сосема заслужено му припадна на Христијан Велков  2:0 (4:0; 4:0).

Во полуфиналните натпревари Христијан Велков го совлада  Давид Јованов – СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија 2:0 (4:0; 4:0.) а со потполно ист резултат Тома Игњатов беше поуспешен од  Марио Паунов – СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Кај девојчињата доминираше Даниела Колева која до златниот медал стигна без ниту еден загубен гем.

Во финалето Даниела Колева – СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани ја совлада Марија Стојчева – СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип со 2:0 (4:0; 4:0), откако претходно во полуфиналето Колева беше поуспешна од  Дениција Арсова – СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип совладувајќи ја со 2:0 (4:0; 4:0.), а Марија Стојчева од Благица Голубова – СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип 2:0 (4:3; 4:1.)

С. Ивановски

10

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари