Паметните се учат на грешките, но залудно, кога некој друг истите постојано ги повторува.

Што и да напишеме  залудно е, кога некој продолжува Кочани да го прави од ден на ден она што никогаш не било.

Најпрвин со воведување на паркинзи по улиците во центарот на градот, улиците ги претворија во селски сокаци, тесни да не може поголемо возило да помине.

Ајде, да речеме дека тоа беше и помина, па дали Кочани од касаба што се претвори во последните години сега мора да стане и зоолошка градина.

Ноеви никнуваат и се поставуваат на кој кога и каде ќе му текне.

Залудно е да се пишуваат редови и редови кога некој си тера по свое.

Во што ли се претвори моето Кочани?

С. Ивановски

DSCN5341

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари