Со цел да му се помогне на спортот кон крајот на 2016 година усвоени се измените со кои компаниите добиваат голем број олеснување при нивните вложувања во спортот, меѓу другото истакна Горан Рафајловски претставник на ревизорската куќа „Рафајловски“ на средбата која беше одржана во салата на Советот на Општина Кочани.

Според овие измени како што беше истакнато, на компаниите кои ќе бидат заинтересирани да вложуваат во спортот им се дозволува многу поголем процент да одвојат средства без да тие бидат оданочени.

Имено од добивката компаниите досега издвојуваа процент за државата, а според овие измени во Законот сега наместо целиот процент да оди за државата дел од тој процент (од 30% до 50%) во зависност во кој спорт се вложува ќе оди за клубовите.

Еден клуб ќе можат да финансираат повеќе компании, откако претходно ќе добијат одобрение од АМС (Агенција за млади и спорт). Клубовите кои ќе бидат финансирани мора да се натпреваруваат во лига систем а и да имаат свои младински екипи.

Иако темата беше интересна, за жал на презентацијата присуствуваа занемарлив број на стопанственици.

С. Ивановски

DSCN5354

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари