Во рамките на 18-тото, последно коло во Првата Фудбалска Лига за жени, денес во Кочани истоимениот домаќин го пречека годинешниот освојувач на двојната круна, екипата на „СЦ Истатов“.

Натпреварот започна по сончево време, продолжи со силен дожд и грмотевици а заврши со дожд од голови. „СЦ Истатов“ славеше со 9:3 (5:1).

Како и што се очекуваше натпреварот започна со доминација на „рибарките“, а коко времето одминуваше се редеа и шансите пред голот на Костова. Кочанчанки ја играа својата игра, но сепак гостинките беа далеку подобри и сосема заслужено славеа.

Головите за домашната екипа ги постигнаа Атанасова 18’ и А. Ѓорѓиева во 59’60’, додека головите за шампионките се дело на Кокаловска 3’Јаковска 30’39’42’73’, Велеска 38’, Петровска 47’69’80’.

Пред натпреварот имаше и мала свеченот кај домаќинките, капитенот Анета Ѓорѓиева и ја предаде капитенската лента на Ана Благонова со што од името на целата екипа и го честиташе роденденот.

С. Ивановски

DSCN5365

DSCN5450

DSCN5508

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари