Со победата над екипата на „Превалец“ од 4:1 (1:1) четвртопласираната екипа од Третата Фудбалска Лига – Југ, екипата на „Каменица Саса“ сосема заслужено е десеттиот патник во Втората Фудбалска Лига – Исток која стартува од следното првенство.

Бараж натпреварот се одигра во Кочани пред неколку стотина гледачи а далеку поквалитетниот состав и на технички и на физички план заслужено се искачи едно скалило погоре.

Но натпреварот не започна онака како што посакуваа „рударите“. Гостите заиграа отворено, се бореа за секоја топка и веќе во 9’ можеа да го откријат резултатот, но ударот на Велковски од преку 25 метри заврши во пречката на немоќниот Б.Атанасовски. Свесни дека противникот нема така без борба да им ја подари победата Каменичани заиграа поагресивно и со нафрлени топки се обидуваа да го откријат резултатот, но секој нивен центаршут гостинскиот голман трпков знаеше како да го отстрани.

 

Сепак во 17’ по една нафрлена топка од левата страна Златковски биеше со глава но Трпков со две интервенции ја сочува својата мрежа. Две минути подоцна Павлов беше тој што упати удар со глава по нафрлувањето но топката заврши покрај левиот дирек на Трпков.

DSCN5797

До финишот на првото полувреме речиси  ништо позначајно не се случуваше а тогаш две големи возбудувања и два гола по еден во двете мрежи.

42’ по една центрирана топка итриот Златковски успеа пред голманот Трпков да дојде до топката, ја смири, ја спушти на земјата и рутинирано биеше во празната мрежа. Во наредната минута велиновски откако беше убаво проигран биеше од дванаесетина метри од косо, но Трпков. Одлично одбрани. Во 44’ ударот на христов од работ на шеснаесетникот заврши покрај самиот горен лев агол.

И кога сите очекуваа мошне авторитетниот Влахо Костадин да отсвири крај на првото полувреме „рударите“ непотребно направија фаул на повеќе од дваесет метри од нивниот гол. Слободниот удар маестрално го изведе Тодоровски а топката заврши во самиот десен горен агол на немоќниот Б.Атанасовски.

DSCN5816

На стартот од второто полувреме беше јасно дека гостите ќе се обидат да го бранат нерешениот резултат, но играчите на „Каменица Саса“ сакаа победа и влез во втората лига. По неколкуте неискористени полу прилики за гол конечно отпорот на гостите беше скршен во 65’ кога Златковски со удар по земја донесе ново водство. Истиот играч во 85 минута со третиот гол покажа како да е венчан за овој терен (на трите последни натпревари постигна девет голови), а конечниот резултат го постави ново влезениот А.Атанасовски во последната минута од средбата.

По последниот свиреж на судијата играчите на „Каменица Саса“ знаеја како да и се израдуваат на победата. Отидоа пред источната трибина каде овој голем успех го поделија со своите верни навивачи.

С. Ивановски

DSCN5747

DSCN5741

DSCN5987

DSCN6011

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари