КОЧАНСКА ЦРНА ХРОНИКА – ОД 05.06.2023 ГОДИНА

јуни 6, 2023
0 минути

На 05.06.2023 во 14.25 часот во Полициската станица Кочани, О.Ц.(38) од Кочани пријавил дека на 04.06.2023 околу 02.45 часот во угостителски објект во Кочани бил физички нападнат од Е.С. од Кочани.

По комплетирање на случајот против Е.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.06.2023 во 09.10 часот во Полициската станица Кочани, 30 – годишна жена пријавила дека на 02.06.2023 околу 20.00 часот во Кочани била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.Ѓ. од виничко село, со кого биле во бракоразводна постапка.

По комплетирање на случајот против Д.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Соопштенија  од  СВР  Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ