Во спортската сала „Никола Карев“ во Кочани, денес беа доделани признанијата и победничките пехари за најуспешните поединци и екипи во годинешните Општински училишни лиги во кошарка во машка и женска конкуренција, ракомет и футсал во машка конкуренција, како и на професорите кои дадоа полн придонес во подготовките на екипите за овие првенства.

Фудсал: 1.„Никола Карев“; 2.„Раде Кратовче“; 3.„Св.Кирил и Методиј“; 4.„Малина Попиванова“; и 4.„Крсте Петков Мисирков“. За најдобар играч е прогласен Бојан Јанев (Никола Карев).

Ракомет: 1.„Св. Кирил и Методиј“; 2.„Никола Карев“; 3.Раде Кратовче“ и 4.„Малина Попиванова“. За најуспешен ракометар е прогласен Давид Јакимов (Св. Кирил и Методија)

Кошарка момчиња: 1.„Никола Карев“; 2.„Св. Кирил и Методиј“; 3.„Малина Попиванова“ и 4.„Раде Кратовче“. За најдобар кошаркар е прогласен Милан Блажев (Никола Карев).

Кај девојчињата единствено за настап се имаше пријавено екипата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ која доби пехар за освоено првото место, а признанието за најдобра кошаркарка го понесе Стефани Колева.

Наградите и признанијата им ги врачи Јордан Димитров – Претседател на Советот на Општина Кочани.

С. Ивановски

DSCN6121

DSCN6129

DSCN6130

DSCN6126

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари