Крајно време е да почнеме сите заеднички да го решаваме проблемот со кучињата скитници.

Залудно ќе продолжиме да пишуваме кога некој или не сака да го прочита напишаното или не може да го разбере добронамерниот текст.

Време е да се заштитат луѓето од кучињата скитници.

Кучињата скитници за жал веќе се проблем подолг период. Не само што меѓусебно се напаѓаат по улиците и ги остават жителите без сон, туку напаѓаат и луѓе, а во последно време како „паши“ се шетаат низ Градскиот Трговски Центар, влегуваат по кафулињата и доколку некој сака да ги истера стануваат агресивни.

Денес токму една помала глутница од кучиња скитници ги вознемири посетителите во кафулињата, па некои од нив мораа да интервенираат за да си заминат. А замислете во Градскиот Трговски Центар имало, има, и ќе има мали дечиња.

Нека политичарите ги остават ветувањата за решавање на овој проблем за време на нивните кампањи, нека членовите за заштита на животните не се нервираат на ваквите текстови, туку сите да изнајдеме едно заедничко решение и за кучињата скитници но и за заштита на луѓето, посебно на дечињата.

Навистина, крајно време е.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари