Програмата за зачувување на природата во Македонија, што како проект на Швајцарската агенција за развој и соработка во координација со Фармахем од Скопје започна да се реализира во 2012 година, продолжува со втората фаза.

Главната цел и понатаму останува да ѝ се помогне на Република Македонија во зачувување на уникатната биолошка разновидност и на природните екосистеми, преку одржливо управување и користење на природните ресурси, со фокус на Брегалничкиот Регион.

Сработеното во првата фаза и планираните активности од втората фаза беа презентирани во Кочани пред заинтересираните страни.

На презентацијата на втората фаза од проектот во Кочани беше речено дека еден од главните очекувани резултати е подобрување на статусот на природните вредности со прогласување на т.н. заштитени подрачја.

Продолжувањето на активностите од Програмата за заштита на сливот на Брегалница се реализира во соработка со Центарот за развој на Источниот плански регион, а финансиската поддршка во висина од 3.800.000 швајцарски франци и во следните четири години е од Владата на Швајцарија.

unnamed (3)

unnamed

 

unnamed (2)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари