ПС Кочани поднесе кривична пријава против А.Т.(22) од Кочани, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Во ноември 2016 година, пријавениот набавил марихуана од непознато лице од Кочани за сума од 300 денари, истата неовластено ја држел во својот дом со намера лично да ја користи и да ја продава не лица уживатели.

На 12.11.2016 година пријавениот спакувал два џоинта, од кои едниот го дал на лице од с.Прибачево, а другиот го понел со себе во кафе бар во с.Грдовци.

Истата вечер околу 23,30 часот од страна на полициски службеници извршен е преглед на пријавениот и теренот околу него, при што е пронајден еден џоинт со нето маса 0,7 грама.

На 13.11.2016 година извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот при што е пронајдено и со потврда одземено 14 парчиња и 0,33 грама семки од растение Cannabis sativa и црна метална дробилка со фрагменти во внатрешноста од растение Cannabis.

Извор:  Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари