„Градот на конзулите“ Битола, беше домаќин на Државниот натпревар во гимнастика, „А“ и „Б“ лигата во машка конкуренција.

КГС „Кочани“ настапи со 16 натпреварувачи кои забележаа одлични резултати како во поединечна, така и во екипна конкуренција.

Во екипна конкуренција во категориите „помлади пионери“ и „постари пионери“ во „Б“ лигата освоени се првите места.

Во поединечна конкуренција во „А“ лигата одлични пласмани за:

Антонио Јааношевиќ – прво место, категорија „постари пионери“;

Ристе Симеонов – прво место , категорија „млади јуниори“;

Стојан Анастасов – прво место, категорија „јуниори“.

Димитриј Спасов – второ место, категорија „млади јуниори“.

Пласман и освоени медали во „Б“ лигата:

Лука Цветков – прво место, категорија „постари пионери“;

Мартин Андонов – второ место, категорија „постари пионери“;

Дамјан Горгиев – трето место, категорија „постари пионери“

Никола Илиев – трето место, категорија „помлади пионери“.

Со пласманот во машка конкуренција се заокружи едно успешно работење, а постигнатите резултати во оваа полусезона ќе бидат добра увертира за Завршните натпревари кои ќе бидат на програмата есеноска.

С. Ивановски

19104832_1595632993783289_585444617_o

19074064_1595632947116627_1

19047629_1595632940449961_9

19075391_1595633127116609_1

19113458_1595633097116612_6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари