По продолжувањето на мандатот на Градоначалниците и на Советниците во општините, Претседателот на Советот на Општина Кочани Јордан Димитров за во Петок (16.06.2017 година) ја закажа 63-тата седница на Советот на Општина Кочани.

Според добиениот Дневен ред на седницата ќе се дебатира по 11 точки од кои повеќето се со предлог решение за разрешување на в.д. членови и именување на членови на УО и Надзорниот Одбор на КЈП „Водовод“, на УО на ЈОУГД „Павлина Велјанова“,  на УО на ЈОУ Библиотека „Искра“,  на Училишните одбори на „Св. Кирил и Методија“, „Малина Попиванова“, „Гошо Викентиев“ и „Ристо Јуруков“.

Исто така ќе биде презентирана и Информацијата за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на Општина Кочани, а ќе биде разгледана и Предлог-одлуката за донесување урбанистички план за село Прибачево.

Седницата ќе заврши со Предлог-одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградените објекти изградени надвор од плански опфат за КО Пашаџиково.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари