ЗАВРШНА ПРИРЕДБА НА ПДГ „АМИЧИ“ ОД КОЧАНИ

јуни 10, 2023
0 минути

Уште еден прекрасен ден организиран од менаџерскиот тим на Приватната Детска Градинка „Амичи“ од Кочани.

Овој пат местото на настанот беше „Аква центарот“ во Кочани каде „Амичи“ ја организираше завршната приредба за оваа година која воедно значеше и испраќање на дечињата од големата група во училишните клупи.

Распеани, разиграни и весели беа дечињата од големата група во градинката. Додека тие пееја и играа низ звуците на прекрасната музика, нивните родители и најблиски ги гледаа и  со насмевки и аплаузи им возвраќаа.

На крајот настапија дечињата од помалите групи кои со игра и песна ги поздравија своите поголеми другарчиња и им посакаа да бидат успешни во училишните клуби онака како што беа со нив додека се дружеа.

На крајот од приредбата менаџерскиот тим на „Амичи“ за сите посетители приреди коктел дружење.

Навистина уште една прекрасно организирана забава од ПДГ „Амичи“ од Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ