Со 19 гласови ЗА денес советниците во Советот на Општина Кочани донесоа одлука да се усвои само еден дел од барањето на ГФК „Осогово“ и да му биде доделен еднократен надомест во висина од 250.000,00 денари.

За потсетување само дека ГФК „Осогово“ поднесе барање до Градоначалникот и до советниците преку кое бараше Локалната самоуправа да им додели еднократни средства за котизација во висина од 500.000,00 денари и месечни средства од по 300.000,00 денари.

Иако на координација не сакале од Локалната самоуправа ни да слушнат за вакво нешто, сепак на крајот се смилувале и решиле дека можат да помогнат со средства само во висина од 250.000,00 денари.

Во своето образложение искажано од говорницата причината за ваквата донесена одлука била што во барањето од ГФК „Осогово“ не било наведено за што конкретно средствата се потребни.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари