Извидничкиот Одред „Ластовица“ продолжува со засилено темпо да ги остварува своите цели.

Во периодот помеѓу 13 до 17 Јуни 2017 година, беше организиран извиднички камп во извидничкиот центар во с.Орел кај Свети Николе.

На кампот учествуваа околу 90 ученици од основните училишта од Кочани предводени од десетина професори кои го сочинуваат старешинството на одредот. Кампот беше организиран во две смени а како гости беа поканети и извидници од ИО „Јадран“ од Скопје и ИО „Гоце Делчев“ од Свети Николе.

Учесниците на кампот имаа можност и практично да се запознаат со некои извиднички вештини. Обуките за гаѓање со лак и стрела ги вршеа членови на Сојузот на Извидници на Македонија од Скопје, еколошка работилница имаа гостите од невладината „ЕКО ЛОГИК“ кои помогнаа и во промоција на вештината одење по јаже.

Професорите од Кочани имаа обуки за ориентација во природа, планинарење, поставување на шатори, како и културно-забавен живот.

„Имајќи во предвид дека голем дел од учениците прв пат кампуваат, можеме да бидеме сосема задоволни од постигнатите резултати“, изјавуваат од старешинството на одредот.

Следниот камп започнува веќе во Недела (18.06)  во извидничкиот центар во Охрид и ќе трае 7 дена.

 

42

43

44

45

 

46

47

48

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари