Вечерва во „Малата сала“ на прекрасниот ресторан „Амор“ Тиана Јовиќ го одржа најавениот концерт. Ако минатата година нејзиниот концерт беше на едно големо музичко рамниште за годинашниот може да се каже дека ќе остане незаборавен.
Салата беше исполнета до последното столче, а вечерва маестралната Тиана на гостите им се претстави со композиции од Бах, Поп, Форе, и Хајдн со кои годинава настапи на големиот број Државни и Меѓународни натпревари на кои доби голем број на награди.
Дека концертот беше одлично организиран а изведбата на Тиана Јовиќ во пијано придружба на Ивана Јанакиева, студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје на едно мошне високо музичко рамниште зборуваат аплаузите во салата кои траеја и по неколку минути.
Инаку, Тиана Јовиќ е ученичка на Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј“ во Скопје под менторство на професорката по флејта Симона Марочковска Манојловска.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.